еМагазин
Image default
Бизнис

Преполовен бројот на туристи во јануари

Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 процента, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто.

Бројот на домашните туристи бележи пад од 12,1 отсто, а на странските туристи од 69,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари годинава изнесува 28.102, а бројот на ноќевањата 65.031.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 е намален за 15,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 60,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Раде Кончар – Апаратна техника“ оствари добивка од 22,4 милиони денари

Редакција

Жито лукс со добивка во првото полугодие

Редакција

Македонијатурист ќе дели дивиденда

Редакција