еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака со која се потврдува неговата автентичност

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

-Со заштитата на „Преспанско јаболко“, географскиот назив се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирирање. Всушност се заштитува угледот и автентичоста на овој произод.

Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можт да бидат сигурни дека ќе конзумираат автенитечен производ од Преспанскиот регон со загарантиран квалитет, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Врз основа на член 148 став 1 од Законот за квалитетот на земјоделските производи, Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – преспанско јаболче од Ресен, кон крајот на 2021 година поднесе барање за регистрација на географска ознака до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство. За таа цел се формираше Стручна комисија за спроведување постапка за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко.

-Стручната комисија во целост ја запази постапката за регистрација при што донесе две одлуки: дека барањето, ревидираниот елаборат и пропратната документација за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко се основани и дека предлог контролниот план изработен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за верификација на соодветноста на производот со елаборатот е основан.

Врз основа на горенаведените одлуки, министерот за земјоделство донесе одлука за одобрување на контролниот план, како и Решение за регистрација на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко, информира МЗШВ.

Државниот инспекторат за земјоделство, согласно одобрениот контролен план, изврши верификација на соодветност на лице место на површините со јаболка кај секој поединечен член на земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче од Ресен и достави Извештај за завршена верификација врз онсова на кој министерот потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои во иднина ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив.

-Ова е голем успех. Министерството останува отворено за поддршка на сите кои сакаат да го заштитат својот производ со некоја од ознаките за квалитет: заштитена географска ознака, ознака за потекло и загарантиран традицонален специјалитет, истакнува МЗШВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четирите окупирани украински региони денеска ќе бидат припоени кон Руската Федерација

Редакција

Работник од Албанија починал во Челопек при копање канал, врз него се урнала земја

Редакција

Контролирајте го квалитетот на воздухот во својот дом, каде и да сте

Редакција