еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пресудата за рушењето на Космос е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Во пресудата за „ТНТ„ има повеќе повреди на кривичната постапка и пресудата е неиздржана, истакна одбраната на обвинетите во случајот на денешната јавна седница во Апелациониот суд Скопје.

Откако Судот ја прочита пресудата на Основниот кривичен суд Скопје со која првообвинетиот Никола Груевски (во бегство), беше прогласен за виновен и го осуди на девет години затвор, на три години затвор го осуди поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а по четири години затвор добија поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски и обвинетата Елизабета Најдовска, обвинетите ги прочитаа жалбите, според кои, како што наведоа, има повеќе повреди на кривичната постапка, а пресудата е неиздржана.

Обвинетите и нивните бранители, исто така, посочија оти сметаат дека изречената пресуда не е напишана од тогашниот претседател на Судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, бидејќи, според нив, истата не се совпаѓа со стилот на конкретниот судија и дека во неа е содржано нешто, што, како што велат, воопшто не се случило во судницата.

Жалби за оваа пресуда има поднесено и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поради погрешно утврдена фактичка состојба, ослободителен дел со предлог Апелација да ја преиначи одлуката.

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното Специјално јавно обвинителство, во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Јанакиески, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука, кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Трајковски, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект “Космос„, што бил граден од оштетениот-инвеститорот Цаноски.

Првото рочиште за овој случај во Основен кривичен суд Скопје беше одржано на 24 јануари 2018 година. Судењето за овој предмет го водеше судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Јанакиески, Миланов: Пресудата за „ТНТ“ е катастрофално напишана

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид со раст на добивката, извозот и продажбата

Редакција

ЈСП Скопје вработува 12 лица, плата до 40.798 денари

Редакција

Кој е Елмедин Адеми, сопственикот на Еуровиа, донатор на ДУИ, која доби милионски тендер на МНР

Редакција