еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Претпладне магла, попладне повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на работната недела ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер, над 20 литри на метар квадратен, особено денеска во текот на ноќта и во вторник претпладне.

Од вторник попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот синдикат со сочувство за колегата кој загина на скопската обиколница

Редакција

Почина легендарниот композитор Љубомир Бранѓолица

Редакција

Од вечер дожд и силен ветер со брзина над 80 километри на час

Редакција