еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне облачно време, попладне со дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне со сончеви периоди, особено на истокот.

Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 0 степени, а дневните од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

До недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои пообилни ќе бидат во сабота кога на места ќе наврнат и над 20 л/м2. На планините, врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уживајте во убавото време: Од понеделник заладување, локален дожд и снег на планините

Редакција

Архиепископот Стефан од Белград: Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија

Редакција

(Видео) И пратениците порачуваат: Не суди, кој кого љуби

Редакција