еМагазин
Локално

Претреси во Сингилиќ, запленети пиштоли

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје на 22.10.2020, по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ, информира МВР.

При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми. Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец агресивно се однесувал кон полицаец на должност

Редакција

Вработен на патарина физички бил нападнат од лице кое не сакало да плати

Редакција

(Фото) Како ќе изгледаат трите нови летни сцени во Градскиот парк во Скопје

Редакција