еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов„ во петок на распит

Против претседателот на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски е покренато обвинение за расизам и ксенофобични дејствија, објави бугарската агенција БГНЕС.

„На 16 декември Георгиевски мора да се појави како обвинет во овој случај, во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата, која била испратена во почетокот на декември„, пишува агенцијата.

Од Обвинителство пак ја демантираат Агенцијата и за Телма велат дека Георгиевски е повикан на распит на 16. декември и велат дека се работи на предметот за клубот, но се уште не е покренато обвинение.

„Постапката е во тек и се преземаат дејствија за проверка на сите околности, вклучително и распит на повеќе лица, за што јавниот обвинител упати покана и до лицето кое го наведувате, како лице пријавено со поднесената кривична пријава.

Покани за да дадат исказ пред надлежен јавен обвинител ќе бидат упатени и до други лица. До овој момент, не е донесена одлука за поднесување на обвинение“, велат од ЈОРМ за Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Фото: Ванчо Михајлов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер фати сеир за изборите: „СДСМ нема да ја сфати пораката, ВМРО мисли дека сме заборавиле на режимот“

Редакција

Кои се најуспешните туристички агенции во Македонија

Редакција

До средината на 2022 година може да се очекува крај на пандемијата, вели шефот на Бионтек

Редакција