Актерката Весна Бејби Петрушевска побара од Град Скопје, улица која ќе го носи името на починатиот драматург Горан Стефановски.
Град Скопје 💫💫💫Сакам улица која ќе го носи името на нашиот Горан Стефановски ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️
Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Среда, 28 ноември 2018
Исто така, пријателите на Стефановски, на социјалните мрежи побараа од Владата да прогласи Ден на жалост.
Веќе прочитав некаде по ФБ-от, веројатно кај Татјана Б. Ефтимоска (ама не сум сигурен) за прогласување на Ден на жалост….
Posted by Zvezdan Georgievski on Среда, 28 ноември 2018
Драмски театар, местото каде што се одиграа најголем дел од драмите на Стефановски, најави дека ќе организира комеморација, по враќањето на семејството од Велика Британија.
„Драмски театар подготвува и серија настани со кои ќе се обидеме да доловиме бар сегмент од неговото творештво. Ќе бидат опфатени повеќе сегменти како изложба на фотографии од неговите претстави, интервјуа со Горан Стефановски, прикажување на снимки од театарски претстави, драматуршки разговори/работилници ’Дебар Маало и Горан’, а распоредот на настаните ќе биде објавен следната недела“, соопшти театарот.
Семејството вчера објави дека телото на драматургот ќе биде кремирано на 5 декември, а пепелта, во пригодна прилика ќе биде расфрлана во Охридско езеро.
Фото: ЕУ инфо центар Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горан Стефановски ќе биде кремиран, а пепелта ќе му биде расфрлана во Охридското езеро
Си замина уште една легенда: Почина Горан Стефановски