еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Уметниците со неверување ја примија веста за смртта на Стефановски: Македонската драма го загуби својот Шекспир

Веста за смртта на најдобриот македонски драматург Горан Стефановски, брат на виртуозот на гитара, Влатко Стефановски јавноста, а посебно уметниците ја примија со неверување.

Стефановски, кој живееше во Велика Британија, според јавувањата на медиумите починал по кратко боледување, во Кентербери, Англија на 66 годишна возраст.

Автор е на бројни драми, чии што текстови, неговите почитувачи на делото, ги цитираат на социјалните мрежи. Авторскиот опус е голем, но она што ја одбележува неговата кариера се Бушава азбука, „Диво Месо“, „Јане Задрогаз”, „Диво месо”, „Лет во место”, „Hi Fi”, „Дупло дно” култните текстови на „Леб и сол“…

Песната за неговата внука Калина, исто така е една од најсподелуваните песни, а можeби е една од најубавите напишани за дете на кое светот треба да му даде крилја, но и корени.

Поетот Владимир Мартиновски ќе напише дека „Македонската драма го загуби својот Шекспир“.

„Па ако имала среќа да го добие својот Шекспир, тогаш никогаш нема да го загуби! – Ама прерано замина! – Секогаш е прерано.Вечна ти слава Маестро Горан Стефановски ! Наш патоказ, наша свест и совест, наш Шекспир!“, пишува Мартиновски.

Режисерот Александар Поповски објави еден обичен меил во кој Стефановски само прашува дали е добро и дека му недостасува.

„Драг мој Горан, како сега да пишам колку многу ми недостасуваш“.

Еве дел од другите реакции:

Пред неколку години, Унко ми прака меил, вели, Горан Стефановски има нов текст, ,,Огнени јазици,, прочитај го и кажи ми…

Posted by Origjanski Zlatko on Вторник, 27 ноември 2018

Љубов"Ах бе упичкуматер, не може тоа, џабе ти е, овде си ама кај и да одиш, што и да праиш во глаата пак цело време…

Posted by Tanja Tzarovska on Вторник, 27 ноември 2018

Си замина најдобриот. Слава ти, Горан Стефановски.

Posted by Lidija Dimkovska on Вторник, 27 ноември 2018

Ако нешто научив за театар, научив од него.

Posted by Srđan Janićijević on Вторник, 27 ноември 2018

ПИСМО ДО ВНУКАТА – Горан СтефановскиДрага КалинаВнуко моја,Ти пишувам писмо во првите часови по твоето раѓање,пред…

Posted by Viktorija Matevska on Вторник, 27 ноември 2018

Горан Стефановски – Великан на Македонија !!!- Цибра: Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. (Тетовирани души)НЕКА ТИ Е ВЕЧНА СЛАВА !!!

Posted by Petar Rendzov on Вторник, 27 ноември 2018

Прошталното писмо на Горан Стефановски до КрапДраги Крап,Драг наш пријателе, другар и брате!Се собравме овде, овој…

Posted by Софија Куновска on Вторник, 27 ноември 2018

Горан Стефановски заслужува едно од највисоките место во целата македонска култура. Преку неговиот збор тој останува бесмртен.Вечна му слава, нека почива во мир!

Posted by Благој Нацоски on Вторник, 27 ноември 2018

Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се…

Posted by VIktor Ilieski on Вторник, 27 ноември 2018

Горан ми пиша долг мејл истата ноќ кога добив награда за Цибра од Тетовирани души во 2002 година на игрите Чернодрински….

Posted by Sasho Tasevski on Среда, 28 ноември 2018

Фото: ЕУ Инфо центар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си замина уште една легенда: Почина Горан Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Македонското знаме на церемонијата „пуџа“, на Хималаите

Редакција

Девизните резерви на Македонија во ноември 3.9 милијарди евра

Редакција

Убава вест: Во Македонија излекувани 98 лица заразени со коронавирусот

Редакција