еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пријавата за напад во центарот на Скопје е лажна, велат од МВР

Пријавата за напад е лажна, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

– Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму упатуваат благодарност до граѓаните за трпението и до медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата.

Попладнево, поради пријава за напад беа евакуирани неколку објекти во центарот на градот меѓу кои МИА, СЕП, ДКСК, МНР, а блокирани беа сите приоди кон МНТ.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека постапува по пријава за напад откако едно лице се јавило во билетарницата на МНТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, по добиена пријава за напад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Редакција

Стартуваа подготвителните активности за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

Едно лице загина во судир на автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција