еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пријавите за наводно поставени бомби во Скопје и Битола се лажни, завршија сите проверки, велат од МВР

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Битола, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели, и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Поради најава за поставена бомба, годишната конференција на Стопанската комора во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа.

Дојави за бомби утрово беа испратени и до Меѓународниот аеродром – Скопје, „Ист гејт мол“ и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотелот Мериот, и спортската сала Борис Трајковски, исто така, денеска беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Покрај училишта, деновиве цел на дојави за бомби се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочи дека се лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажна пријава за бомба на скопскиот аеродром, летовите продолжуваат нормално

Прва дојава за бомба на настан на кој требаа да учествуваат премиерот и министри во Александар палас

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи побара затвор за Мијалков, Тачи и поранешни членови на ДИК за „Титаник 2“

Редакција

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривична пријава до ОЈО против претседателот и членовите на ДИК

Редакција

(Фото) Пендаровски ја посети семејната куќа на поранешниот претседател Трајковски

Редакција