еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прифатена гаранција од 192 илјади евра: Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Советот на  Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови на советот, ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор.

Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот.

Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека обвинетиот по укинување на мерката притвор има обврска да се јавува секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, на овластено службено лице при Основен кривичен суд Скопје – Одделението за организиран криминал и корупција.

-Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на обвинетиот Д. Р. од С., односно забрана за нејзино издавање, стои одлуката на Апелациониот суд Скопје.

Исто така, во образложението на одлуката се вели дека Мерките на претпазливост ќе траат додека постои потреба од тоа, а најдолго до правосилноста на пресудата, а судот по службена должност на секои два месеци преиспитува дали има потреба за траење на мерката на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холивуд да го режира ова не може така да го направи, смета Рашковски за прибирањето на доказите против него

На Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот и перење пари, одборено обвинението

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот клуб во Благоевград нема да се затвори, ќе се пресели на друга локација

Редакција

Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“

Редакција

Зошто под квалификативот „еден суетен новинар” се препознал Героски тоа треба него да го прашате, вели Заев

Редакција