еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прифатена оставката на Заев, на 12. декември СДСМ ќе бира нов лидер

СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев, кој поднесе оставка.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по седницата на Централниот одбор, изјави дека постапката за избор на нов претседател почнува денеска и ќе трае седум дена.

Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.

Кандидирањето започнува денеска и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ, кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката.

По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите на партијата.

Заев на седницата на Централниот одбор (ЦО), како што рече Кузеска, информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми со цел да се задржи европскиот курс на државата.

– ЦО смета дека има простор за разговори за приклучување на Алтернатива врз основа на принципи и вредности, и пренесена е надлежност на Заев за тоа, рече Кузеска.

Прашана што ќе биде улогата на Заев во СДСМ по заминувањето од лидерското место, Кузеска кажа дека „тој ќе биде активен член кој секогаш ќе работи во интерес на партијата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Димитар Ковачевски се споменува за нов мандатар, и кога тој стана висок „партиски играч“ во СДСМ

За тоа дали Заев го промовирал за нов претседател на партијата Димитар Ковачевски, Кузеска кажа дека станува збор за коментар за квалитети на еден човек, но сепак претседателот на СДСМ ќе се бира на внатрепартиски и непосредни избори во постапка која ќе започне од денеска.

Додаде дека не се дискутирало дали новиот претседател ќе биде и нов мандатар.

На Заев, како што рече, му е даден легитимитет од ЦО да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

– Во насока обезбедување на парламентарно мнозинство, верувам дека претседателот Заев ги презема сите чекори кои се потребни вклучително и правно информирање на претседател на Собранието.

Заев ќе остане како активен член на партијата, кој секогаш ќе биде во партијата и секако ветер во грб на партијата и член кој ќе работи на единството на партијата што се покажа вечерва дека го има, рече синоќа Кузеска.

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дигитал медиалаб“ го доби тендерот на Владата за набавка на систем за биометриска идентификација вреден 104.000 евра

Редакција

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Швајцарија

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има тројца хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 51

Редакција