еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Приготвени над 300 оброци во месецот на хуманост

Ентузијастот за готвење, Cooking with Branko (Бранко Попоски) имаше една цел, да им помогне на тие што им е најпотребно. Тој на уникатен начин одлучи да ги предизвика голем број на луѓе и компании да приготват 3 до 5 оброци за сума од 100 денари. Тоа го направи заедно со Ретвитни оброк и здружението Љубезност.

Тие заедно, сите, успеаја да донираат над 300 оброци.


„Чувството на среќа, исполнетост и задоволство денес се многу големи. Толку многу што не можам и не знам на кој начин да ви ја искажам благодарноста што месец јули решивте да бидете дел од #месецнахуманост со Cooking with Branko, што го прифативте предизвикот за готвење и донирање на оброци, и што бевте хумани и што помогнавте барем малку да придонесеме за споделување на насмевки, љубов и топли прегратки преку топол оброк“, им се обрати Cooking with Branko на Димитар Атанасовски, Sarah Mace, Македонија Денес, Утринска на Телма, Снеже Велков, Јелена Спенџарска, Ване Маркоски, Коста Давид Петров, Александра Јанева, Николина Славковска, Јана Серафимова, Влатко Чаловски, Ivana Torres, Кристина Петровска Арнаудова, Eye Cue, Елена Стефановска, Валентин Петрески, Тина Мицковска.

Самиот предизвик зеде голем замав и дополнително се вклучија Германски јазичен Центар, Кликдаг, Зур маркет, Дим маркет, Роо Кафе, Маркт Македонија, Хелен Дорон Капиштец, Фудбар и многу други лица.

Тој ја користи можноста да им се заблагодари на Зур маркет и Дим маркет кои одлучија да донираат средства за приготвување на 100 до 200 оброци за социјално загрозените семејства.

Според него, воден од хуманоста на сите кои се вклучија и сите кои ја дадоа својата поддршка, овој Месец на хуманоста не застанува. Поради овие дела сите ќе продолжат да бидат хумани и да им помогаат на оние на кои што им е најпотребно.

Со Бранко може најдобро да се запознаете на неговите социјални канали за комуникација и тоа: www.facebook.com/cookingwithbranko и www.instagram.com/cookingwithbranko.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска ќе бидат доделени наградите на „МакеДокс“

Редакција

(Видео) И во Валандово се продаваа крофни за Луна од Гевгелија

Редакција

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на Општата болница во Гостивар

Редакција