еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Приклучувањето на Украина во НАТО во текот на војна не е на агендата, изјави Столтенберг

Украина нема да може да влезе во НАТО се додека трае војната, изјави денеска шефот на Алијансата Јенс Столтенберг, пренесе Скај Њуз.

„Мислам дека сите го сфатија тоа, да се стане членка среде војна не е на дневниот ред. Прашањето за тоа што ќе се случи ќе се одговари кога војната ќе заврши,“ рече генералниот секретар на НАТО во Брисел.

Столтенберг во повеќе наврати ветуваше дека Украина ќе се приклучи на НАТО во текот на војната.

Тој во април кажа дека сите сојузници на НАТО се согласиле Украина да стане членка и за време на неговата прва посета на Киев вети континуирана поддршка за земјата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да се заштите од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, објаснува доктор Стевановиќ

Редакција

Македонските граѓани тонат во долгови: Земаат нови за да ги вратат старите кредити

Редакција

Најнови податоци за бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција