еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанец со „Голф“ удри во 11-годишен велосипедист

На 21.03.2019 околу 11.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во Прилеп, патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(19) од Прилеп, удрило во 11-годишен  велосипедист од Прилеп, информира МВР.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маврово подготвено за скијачите – чист воздух, содржина за деца и тинејџери за време на распустот

Редакција

Притвор за гевгеличанец кој силувал малолетничка

Редакција

Велешанец пронајден мртов во неговиот стан

Редакција