еМагазин
Image default
Македонија

Прилепчанецот Ајровски доби мерка притвор во Драч, откако во камионот што го управувал беа откриени 324 килограми кокаин

Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Назиф Ајровски (40), возач на камионот во кој албанската полиција откри 324 килограми кокаин.

– Откако најпрво рочиштето беше одложено поради недостиг на официјален преведувач, судијата Реџеп Бектеши попладнево го потврди апсењето во делот на кривичното дело „недозволена трговија со наркотични средства“ и му одреди мерка на безбедност „затворски притвор“, пренесува „Топ чанел“.

Во досието на Обвинителството, тој се посочува дека е човекот кој ја превезувал дрогата, но оти соработувал со други лица за да истата стигне до Италија.

– Дрогата – кокаин во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18 овој месец во 22:30 часот во камион со македонски регистарски ознаки SK3720AT, бела боја, натоварен со метални плочи управуван од Назиф Ајровски од село Дебреште, Прилеп, Северна Македонија.

На албанска територија преку премино Ќафасан влегол претпладнето на 16 овој месец, а задржувањето по патот го објасни дека бил приморан, бидејќи се загревал моторот. Тој тврди дека немал никакви сознанија за дрогата, стои во досието на кое се повикува агенцјата Балкан веб.

Дрогата е открена со скенер на втората линија на контрола пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона, а требало да се растовари во Џенова.

Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.

Продолжува соработката со македонската полиција со цел целосно расветлување на случајот, во кој основано се сомнева дека се вклучени повеќе лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Македонски државјанин со 300 килограми кокаин „падна“ во рацете на албанската полиција

МИА/Фото: Фејсбук/МВР на Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевска поднесе претставка за судиката кој пресуди за сообраќајката кај “Млечен“, ќе следува и за обвинителката

Редакција

Матичните лекари добиле писмо од Министерство за здравство да ги повикаат своите невакцинирани пациенти

Редакција

ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

Редакција