Платформата Arendoo се проширува со уште еден пазар во регионот на Југоисточна Европа, информираат од таму.
Откако започна со работа во Романија и Грција во 2020 година, Arendoo сега е достапен и за македонските клиенти. Македонската верзија на порталот е достапна на Arendoo.mk каде туристите од Македонија имаат пристап до над 5.000 имоти за одмор во Грција, Бугарија, Романија и други.
Платформата работи на peer-to-peer модел, каде што сопствениците на имотите за одмор можат да создадат своја објава, да утврдат цени и услови за резервација, а оние кои сакаат да резервираат лесно можат да бараат имот според нивните критериуми, да направат резервација и да платат на сопственикот на имотот.
„Ние сме исклучително возбудени што започнуваме да работиме на македонскиот пазар. Arendoo е платформа која се фокусира на туристичкиот пазар во Југоисточна Европа, која генерално е запоставена од поголемите играчи во овој сектор.
Ние веруваме дека регионот има сериозен потенцијал и убедени сме дека ќе бидеме корисни во промовирање на регионалниот туризам“, изјави Горјан Варбанов, управен директор на Arendoo.
Компанијата, исто така, планира да започне кампања за привлекување места за сместување од Македонија на платформата и нивно активно промовирање во регионот. Платформата работи со широк спектар на имоти, од индивидуални вили до големи градски хотели.
Arendoo работи од 2014 година, главно на пазарите во Грција и Бугарија. Во 2020 година, платформата беше купена од бугарската Start- up компанија Quendoo, која во јануари го затвори инвестицискиот круг од 750.000 евра со водечки инвеститор, фондот за ризичен капитал Витоша Венчр Партнерс.