еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пристигнаа 500.000 вакцини „Синовак“

Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини што ги купивме од производителот „Синовак“, информираат од Министерство за здравство.

Вакцините ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација.

Ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава.

„Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид-19, и на хоспитализирани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника.

Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот,“ кажа државниот секретар на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски.

Амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо изјави дека Светската здравствена организација ја одобри вакцината „Синовак“ за итна употреба на 1 јуни.

„Како и вакцината „Синофарм“, вакцината „Синовак“ е исто така инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира луѓе на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози.

Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето,“ потенцираше амбасадорот Ѕуо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче уверува во ефикасноста на вакцината „Синовак“: Одобрена е од Светска здравствена организација

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На токсикологија завршиле 10 лица за новогодишната ноќ, од нив 5 девојки

Редакција

42-годишниот велешанец бил убиен поради банална причина, убиецот немал дозвола за оружјето: Детали од Обвинителството

Редакција

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути

Редакција