еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

42-годишниот велешанец бил убиен поради банална причина, убиецот немал дозвола за оружјето: Детали од Обвинителството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поради постоење на основано сомнение дека 61 годишниот жител на с. Подлес, Градско е сторител на кривичните дела „убиство“, „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување на истражна постапка против него.

– Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот може да побегне, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вештаци, како и дека може да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.

Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи притвор во траење од 30  дена, информираат од Јавното обвинителство (ЈО).

Настанот се случи на 12.6.2023 година во с.Подлес, Градско кога двајцата соседи на осомничениот со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земја на десетина метри од влезната врата на осомничениот.

– Осомничениот со кого оштетените имале претходно нарушени односи откако ги забележал, дошол со полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол што неовластено го поседувал и започнал да пука кон нив.

Притоа едниот оштетен бил ранет во пределот на левата надколеница, додека вториот починал на местото на настанот од здобиените прострелни рани на левата страна од стомакот и левата нога, се вели во соопштението.

Предметниот јавен обвинител по добиените сознанија за настанот извршил увид на местото на несреќата и, како што информираат, издал низа наредби потребни за расветлување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиен 42-годишен маж од Велес, полицијата го приведе убиецот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ватростална“ го доби тендерот на ЕСМ за градежни работи во РЕК Битола вреден 6,8 милиони евра

Редакција

Петков денеска ќе достави до бугарското Собрание француски предлог за укинување на ветото

Редакција

Поразителни податоци за вакцинацијата: Во Скопје невакцинирани 15 илјади деца на возраст до 14 години

Редакција