еМагазин
Image default
Локално

Приведен Косовец кој влегол во државата без ПЦР тест

Државјанин на Косово е приведен откако влегол во Северна Македонија преку граничен премин Јажинце со изјава дека само ќе транзитира, но по неколку часа сакал да се врати. Тој немал ни ПЦР тест и бидејќи биле изминати три часа колку што е дозволено за транзитирање, бил лишен од слобода.

„Ноќеска 8 октомври околу 3 часот во Полициската станица Тетово бил донесен и задржан 29-годишниот Џ.М. од Република Косово, кој претходно бил лишен од слобода во Полициската станица за граничен премин Јажинце, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик).Против него ќе следува соодветен поднесок“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Кривичната пријава е доставена до Обвинителството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гром опожари куќа во село кај Македонска Каменица

Редакција

Само во еден ден изгореа 10 хектари: Продолжува деценискиот проблем со палењето на трските на струшкото крајбрежје

Редакција

Кичевчанец со закана со нож ограбил обложувалница

Редакција