еМагазин
Image default
Македонија

Приведени две лица на протестот за уставните измени пред Собранието

Две лица се приведени за нарушување на јавниот ред и мир во тек на протестот за уставните измени што се одржа од денеска пред зградата на Собранието, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Протестот почна  напладне, а заврши околу 18 часот вечерва откако по експозето на премиерот Зоран Заев претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека седницата ќе продплжи утре во 13 часот.

Учесниците на протестот најавија дека утре напладне повторно ќе се соберат пред собраниската зграда за да испратат порака против уставните измени. Дел од нив негодуваа на, како што наведоа,  бројното присуство на полицијата која ја обезбедуваше собраниската зграда.

На протестите пред Парламентот учествуваа членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Тврдокорни“, а на кои подоцна им се приклучија и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партиското членство.

Дел од учесниците во протестот во еден момент се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов за да го повикаат да им се приклучи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двотретинското мнозинство се уште „виси“, седницата за уставните измени продолжува утре

Заев: Мнозинство се уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Мицкоски исвиркан од дел од учесниците на протестот пред Собрание, оти не сакаше да се обрати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за влез во Австрија ќе ни треба здравствен сертификат

Редакција

Нема да има кадровски смени во бугарскиот тим од заедничката историска комисија, најави Петков

Редакција

Што поголеми бројки на заразени толку поголеми казни за неносење маски, дури 899

Редакција