еМагазин
Image default
Локално

Приведени две лица поради пожарот на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало

Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје ги предаде лицата П.П.(21) и С.М.(19), двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела и тоа првопријавениот сторил  кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, предвидени и казниво по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ и предвидено и казниво по член 288 од КЗ на РМ, а второпријавениот сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 од КЗ на РМ во извршување на овие дела.

„Имено, на 26-ти минатиот месец околу 02,50 часот во угостителски објект лоциран на улица „Дане Крапчев“ во Скопје сопственост на С.Б., првопријавениот го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот.

По пријавување на настанот, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. На 11-ти овој месец по добиена усна наредба за вршење претрес во дом и други простории издадена од судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите на пријавените лица. Двете пријавени лица се лишени од слобода, извршен  е разговор со нив, при што второпријавениот во целост го појаснил текот и извршувањето на кривичното дело“, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за пожарот во кој изгоре ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало: Две лица под истрага

Сведоштво за пожарот во кој изгоре кафеаната „Мечка“: За година две, можеби ќе излезе на виделина промислата и зад овој пожар

И припадници за АРМ помагале при пожарот во Дебар Маало: Евакуирале семејство со две деца кое барало помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Тиквешки гроздобер“ испиени 25 илјади литри вино, на последната вечер Кавадарци го посетиле 65 илјади лица

Редакција

Две жени загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Гостивар – Кичево

Редакција

Притворени татко и син од Тетово: Од „БМВ“ сакале да продадат 9,5 килограми марихуана

Редакција