еМагазин
Image default
Локално

Приведени угостител од Тетово и 18 Русинки, Србинки, Украинки…

Ноќва (27.02.2021) во 01.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово извршена е контрола во угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, на локалниот пат за с.Сараќино, по пријава дека работел спротивно од Одлуката донесена од страна на Владата, информира МВР.

„При контролата било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати 7 гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик.

Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две девојки повредени по превртување на возило на автопатот Тетово-Скопје

Редакција

Решен проблемот во Слупчане, сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, вели Бектеши

Редакција

Скопјанец натепал девојка во угостителски објект

Редакција