еМагазин
Image default
Македонија

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица

Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица, кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.

Со тоа досега пет лица се лишени од слобода.

-Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и А.Ш (1991) двајцата од Тетово. Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консулатација со Јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера лишија од слобода 52-годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево, а вечерта и 33-годишник од Мала Речица поради нивна инволвираност во протестот.

Инцидентот следуваше по протестниот марш од плоштадот до општината со кој се побара одговорност за 14 лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Група млади лица го продолжи маршот кон Мала Речица при што насилно се обидоа да го поминат полицискиот кордон. Притоа повредени беа четворица полициски службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На протестите во Тетово, приведени двајца демонстранти и повредени четворица полицајци

Во Тетово се протестираше за пожарот во модуларната болница, дел од демонстрантите се судрија со полицијата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не постапувал по предмети во пропишани рокови, предлог за разрешување на јавен обвинител од Скопје

Редакција

Уште се работи на документацијата за достава на вакцините од Србија

Редакција

Продолжен рокот за аплицирање за конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата

Редакција