еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведено уште едно лице од протестот пред Собрание

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал и Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера го приведоа Г.П. (43) од Скопје, информираат од МВР.

Тој на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлал со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Од МВР денеска информираа дека до надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хаос на улица во Струмица: Не се знае кој кого мава во масовна тепачка

Редакција

Испратени СМС-пораки со лажен линк на УЈП, Управата апелира да не се отвораат

Редакција

Падна системот за контрола на граничните премини

Редакција