еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведено уште едно лице за предизвикување пожар

Полицијата од СВР Битола-ОВР Ресен го лиши од слобода К.С. од ресенското село Лева Река осомничен дека го предизвикал пожарот во тоа село во кој беше опожарена нискостеблеста шума.

Министерството за внатрешни работи информира дека во 17.40 часот пожарот е ставен под контрола, а К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициско одделение Галате го лишија од слобода и Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

– Полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3 август беше пријавен пред село Блаце кон Катланово, соопшти МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под постојните услови

Редакција

Убиениот маж во Тетово имал 39 години, објавен е распис за апсење на неговиот убиец

Редакција

За разлика од кај нас, во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, вели Гацов

Редакција