Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) останува во притвор откако Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена.
Ова е трето продолжување на неговиот притвор, откако беше уапсен.
Во притвор за овој случај се и Зоки Кичеец и специјалната обвинителка Катица Јанева.
За овој случај до сега во Јавното обвинителство на распит беа Фросина Ременски, Александар Кирацоски, Лила Филиповска, неколку бизнисмени и обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но не и Боки 13.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“
Боки 13 бил примен на Торакална хирургија со болки во желудникот
Фото: Инстаграм/Боки 13
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.