еМагазин
Image default
Македонија

Продолжи штрајкот на регионалните и локалните медиуми со петминутен прекин на програмата секој час и неследење настани

Продолжува штрајкот на регионалните и локалните медиуми, кој почна на 26 минатиот месец. Од денеска има прекин на програмата на пет минути на секој реален час програма, а нема да ги следат и настаните од дневно-информативен карактер во локалната заедница во која емитуваат програма.

Ова го соопштија од Здружението на овие медиуми „Медиум објектив“, откако до денеска надлежните инстутуции не им одговорија на нивните барања.

Тие бараат од Владата да биде прифатено нивното барање за ослободување од 50 отсто за плаќањето на надоместокот за дозвола, кое го испратиле лани на 24 ноември, откако претходно Регулаторот обезбедил 50 отсто намалување.

„Покрај тоа, бараме покривање на трошоците за дигиталниот мултиплекс 2022 година кон А1 Македонија за регионалните ТВ станици кои емитуваат програма преку ДВБ-Т и покривање на трошоци на оние ТВ станици кои емитуваат програма преку оператор на јавна комуникациска мрежа и кон истиот вршат плаќање, формирање на Фонд за медиуми и дополнување на членот 102 од Законот за АВМУ,“ се вели во соопштението.

Според здружението, заради нерешање на овие проблеми многу мал дел од маркетингшкиот колач завршува кај локалните и регионални медиуми, има одлив на финансии од државата по основ на рекламирање во странски сателитски медиуми, социјални медиуми и портали, како и континуирано затворање на локални и регионални медиуми и намалување на бројот на вработените.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова тура дипломати ќе дојдат во Македонија, Мицкоски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени ќе остане ист

Редакција

Сите детали: Како ќе изгледаат изборните активности и гласањето во време на корона вирусот?

Редакција

Сашо Мијалков за притворот може да се жали до Апелациски суд

Редакција