Во Основниот кривичен суд Скопје во тек е рочиштето за случајот „Друмарина”, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарини, која го чинела Собранието околу 100.000 евра.
Бонева најави дека со 7.000 докази ќе докаже дека не давала лажни фискални сметки од патарини и оти не е рекордер по патни трошоци.
Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.