еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Во Основниот суд во Тетово, денеска од 10 часот продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница.

На 31 јануари беше последното рочиште на кое беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството.

На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговараа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти.

Судењето денеска продолжува со сослушување на уште сведоци, а судијата Јордан Велковски најави дека ќе бидат поканети и вештите лица кои го имаат изготвено вештиот наод. Потоа ќе следуваат сослушувања на сведоци и писмени докази на одбраната.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ист Гејт Мол“ од утре продолжува со работа

Редакција

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Редакција

Починаа уште 30 лица од Ковид-19, вкупно 1.877

Редакција