еМагазин
Image default
Бизнис

Продолжуваат позитивните резултати на Реплек АД – раст на приходите во сегментот фармација од 32% во првата половина на годината

Јакнењето на позициите и освојувањето на нови извозни пазари го продолжија растот на приходите на „Реплек АД“, информираат од таму.

Во првите шест месеци од годинава компанијата оствари раст на вкупните приходи во сегментот фармација од 32%. Најголем удел во растот има продажбата на странски пазари, каде растот изнесува над 40% во споредба со истиот период од минатата година, а раст има и на домашниот пазар.

„Резултатите од нашето работење во првата половина на годината се потврда за нашата стратегија која за компанијата, акционерите и за општеството во целина носи позитивни резултати. Квалитетот и потенцијалот на нашето портфолио ја зајакнува позицијата на компанијата на пазарите, што е резултат на зголемувањето на нашата конкурентност, на која работиме во континуитет.

Внатрешните промени на кои бевме посветени имаа за цел создавање модерна компанија, чие портфолио ќе ги следи промените на пазарот. Работиме на развој на нови иновативни пристапи кои во иднина ќе донесат уште подобри резултати, а досега постигнатото е потврда за нашите досегашни одлуки“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“.

Растот на продажбата остварен во првите шест месеци е продолжение на нагорниот тренд што компанијата го оствари и во текот на минатата година. Тогаш, и покрај енергетската криза и отежнатиот пристап на пазарите, „Реплек АД“ оствари раст од7%.

Минатата година „Реплек АД“ ја претстави својата нова извозна стратегија, која се темели на јакнење на позициите на странските пазари и освојување нови. Дури 82% од портфолиото се пласира на пазарите во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар.

Компанијата е присутна на пазарите во Европската унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија. Некои од производите од фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија склучи договор со Д-р Пановски вреден 8,3 милиони евра

Редакција

Дејан Панделески си даде оставка од местото претседател на Одборот на директори на Бетон-Штип

Редакција

Плати и надоместоци од 826.000 евра за членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка

Редакција