еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Максималните дневни бројки на починати од Ковид-19 се веќе достигнати и постепено ќе се намалуваат

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“30.08.2021. На дијаграмите се прикажани, во соодветен размер, вкупниот број а случаи, броевите на починати и оздравени од почетокот на летниот бран на Делта сојот до вчера, 29.08.2021.

На првиот дијаграм гледаме дека вкупниот број на починати многу блиску го следи вкупниот број на дијагностицирани, 7 дена претходно.

Оттука го определуваме просечниот временски интервал од дијагностицирањето до смртниот исход, кој во македонски услови изнесува само 7 дена.

Знаејќи, од светските истражувања, дека просечното време од првите симптоми до смртниот исход изнесува околу 18,5 дена, тоа значи дека кај нас болните се во просек дијагностицирани после 10,5 дена од првите симптоми, односно кога обично започнува влошувањето на клиничката слика.

Така останува многу малку време за лекување, затоа што болеста веќе направила големи оштетувања во организмот.

Понатаму, коефициентот на корелација меѓу овие две временски серии, временски поместени за 7 дена, изнесува многу високи 0,9994.

Така со многу висока точност може да се определи вкупниот бројот на починати 7 дена после 29.08, односно на ден 05.09.2021. Продолжувајќи ја сината линија паралелно со црвената на првиот дијаграм, се добива приближниот вкупен број на починати од околу 6.030 на ден 05.09.2021.

Бидејќи кривата на вкупниот број на дијагностицирани веќе започна да се израмнува (да станува помалку стрма), сличното ќе го видиме и кај кривата на бројот на починатите, односно може да се каже дека максималните дневни броеви на починати се веќе достигнати и постепено ќе се намалуваат.

На вториот дијаграм исто така гледаме дека вкупниот број на оздравени блиску го следи, со временско задоцнување од 15 дена, вкупниот број на дијагностицирани.

Ова време во четвртиот бран на епидемијата кај нас е скратено на само 15 дена, за разлика од поранешните бранови кога изнесуваше просечно 18 дена, во периодите кога отворените случаи редовно се затвораа.

Бидејќи просечното време на затворање претставува пондериран просек на времињата на затворање на асимптоматските (10 дена) и симптоматските случаи (21 ден), каде пондери (тежински коефициенти) се броевите на случаи во секоја од групите, заклучуваме дека во овој бран, барем додека трае летото, учеството на асимптоматските е поголемо од порано.

Сосема е веројатно тоа да се должи и на вакцинациите, односно голем број од тие коишто без вакцина би биле симптоматски, со вакцина поминуваат асимптоматски.

За жал, поради умирањето, вкупниот број на затворени случаи нема да биде еднаков на бројот на дијагностицирани, туку намален за бројот на тие што го изгубиле животот во текот на лекувањето.

Коефициентот на корелација и тука е многу висок и изнесува 0,9966. На крајот од бранот, сината и црвената линија повторно ќе се сретнат, како на почетокот, но на различни нивоа“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Следниве денови се очекува понатамошно намалување на бројот на заболени со Ковид-19

Проф. Трајковски: Максимумот на активни случаи ќе биде за три дена, од октомври и ноември нов бран

Професор Трајковски: Вакцините не ги оштетуваат репродуктивната или сексуалната функција, Ковид-19 ги оштетува и двете

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува 81 лице, плата до 27.480 денари

Редакција

Дизелот поскапува за два денари

Редакција

Врз одредени луѓе, корона вирусот остави потешки последици во споредба со други

Редакција