еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Просечно, потребно е да се вакцинира 21 лице постаро од 60 години, за да се спаси животот на еден од нив годишно

Проф. Дејан Трајковски во неговата последна Фејсбук-објава пишува за епидемиолошка метрика, таканаречен NNV (Number Needed to Vaccinate), односно просечен број на лица коишто треба да се вакцинираат за да се избегне еден смртен случај од ковид годишно.

„Досега воглавно се занимававме со ефективноста на вакцините (VE – Vaccine Effectiveness), којашто всушност претставува намалување на соодносот на ризици (VE=RRR, Risk Reduction Ratio) кај вакцинираните во однос на невакцинираните.

Инаку, VE=RRR=1-RR, каде RR=Iv/Iuv е сооднос на ризици (Risk Ratio), а Iv и Iuv се инциденци на смртен исход, односно морталитети) кај вакцинираните (v) и невакцинираните (uv).

Сега ќе видиме една друга епидемиолошка метрика, таканаречен NNV (Number Needed to Vaccinate), односно просечен број на лица коишто треба да се вакцинираат за да се избегне еден смртен случај од ковид годишно (односно број на лица коишто треба да се вакцинираат, за да еден од нив види корист, т.е. да не умре, споредено со контролната, невакцинирана група).

Формулата за NNV е едноставна, но треба да се внимава да се употребат точни податоци за да се добие точен резултат.

NNV претставува реципрочна вредност на апсолутното намалување на ризикот ARR (а не релативното намалување, RRR): NNV=1/ARR=1/(Iuv-Iv).

Да ги видиме сега македонските броеви. Врз основа на броевите на починати, вакцинирани и невакцинирани, од 06.08.2021 до 10.02.2022, што Министерството за здравство ги објавуваше неделно, а сега дневно, како и со користење на пропорција (екстраполација во минатото за една година наназад), ги добиваме инциденците на смртни исходи (т.е. морталитетите) кај вакцинираните и невакцинираните, годишно, сметано на 100.000 лица постари од 60 години:

Iv=657/100.000 починати вакцинирани годишно и Iuv=5365/100.000 починати невакцинирани годишно.

Така добиваме: NNV=1/(Iuv-Iv)=100.000/(5365-657)=21 вакц./спасени/годишно.

Ова значи дека е потребно просечно да се вакцинира 21 лице постаро од 60 години, за да се спаси животот на еден од нив годишно.

NNV е важно мерило во фармакоекономиката и покажува колку пари чини превенцијата. На пример, ако целосното вакцинирање на едно лице чини 30 евра, тогаш за спасување на еден живот годишно е потребно да се потрошат 21*30=630 евра (еднократно, а не годишно, под услов ефективноста на вакцините да не се намалува со текот на времето).

Во овие пресметки не е земено предвид вакцинирањето на помладите од 60 години, бидејќи сметаме дека најмногу смртни случаи има кај постарите. Патем, доколку би пресметале NNV кај помладите, би се добил многу поголем број, веројатно троцифрен, што изразено во пари би значело потрошени илјадници евра за спасување на еден човечки живот годишно со помош на вакцини.

Сето тоа важи под услов луѓето да сакаат да се вакцинираат. Ако не сакаат, тоа за државата претставува чиста заштеда на вакцини,“ пишува Трајковски на неговиот Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Најголема е користа од вакцинација на претходно непрележани лица

Проф. Трајковски: Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, можеа да бидат уште 2.100 од починатите

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната го потисна интересот за ковид-пандемијата: „Скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцини, може да ја пролонгира

Редакција

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ со нов протест пред МНР побара да се соопшти за што се преговара со Бугарија

Редакција

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Редакција