еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите заменици министри.
Кој е Зоран Маневски
Зоран Маневски е старо-новиот заменик министер за економија.
Роден е 1957 година во Куманово.
Оженет е, и е татко на две полнолетни деца. Живее во Куманово
Тој е дипломиран економист.
Работно искуство и политичка кариера
Бил раководител на финансиско-комерцијален сектор во ЈП Водовод – Куманово.
Работел и како државен секретар во Министерство за економија, помошник директор во ЈП Чистота и зеленило – Куманово, државен советник во Министерство за транспорт и врски и како државен секретар во Министерство за транспорт и врски.
Во два четиригодишни мандати бил советник во Советот на Општина Куманово, бил и член на Комисијата за урбанизам и градежништво при Совет на Општина Куманово и Комисијата за буџет и финансирање при Совет на Општина Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Владимир Рендевски, новиот заменик министер за здравство
Која е Фатмире Исаки, старо-новата заменик министерка за надворешни работи
Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи
Фото: Фејсбук/Маневски