еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Се движиме кон колективен имунитет на новиот сој на Ковид-19, што би требало добро да држи барем до Нова година

Како што беше очекувано и најавено, минатата недела поминавме преку врвот на хоспитализациите и бројот на лежечки болни од ковид од понеделникот веќе се намалува (сината линија на првиот дијаграм). Со тоа се стекнати услови за намалување на бројот и на починатите, пишува во најновата ковид-анализа проф. Дејан Трајковски.

„Иако деновиве гледаме најголеми дневни броеви на починати (жолтата линија на вториот дијаграм), всушност се работи за дополнително откриени смртни случаи од системот „Мој термин“, односно претходно починати во домашни услови.

Во следните денови ќе се откриваат уште такви случаи, но врвот на новите смртни случаи веќе е надминат и постепено ќе се движи кон намалување.

Заради продолженото времетраење од дијагностицирањето до смртниот исход (во случајот на подсојот BA5, споредено со претходните соеви), максимумот на морталитетот дојде речиси цел месец после максимумот на новите случаи.

Практично одново се движиме кон воспоставување колективен имунитет, што би требало добро да држи барем уште 4 месеци, односно до Нова година,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Луѓето со хронични заболувања да избегнуваат гужви, иако Ковид-19 веќе е статистика за која пишуват медиумите

Проф. Трајковски: Во текот на целиот септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи на Ковид-19 дневно

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 26-годишник во Македонија регистриран флурон, има и грип и Ковид-19

Редакција

Падна црногорската Влада

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Над 17.700 лица убиени во Газа, 70% се деца и жени

Редакција