еМагазин
Image default
Убава приказна

Професионалци за совршен комфорт

Секоја приказна во новиот дом почнува со по некое шрафче. Потрага и желби како новата коцка да се претвори во комотно катче што ќе го почувствувате како свој топол и безбеден дом. Или како вработените да го почувствуваат канцеларискиот простор како втор дом.

Значаен момент при самиот почеток на уредување на секој простор е воведувањето систем за греење и ладење. Притоа, да се обезбеди употреба на обновливи извори на енергија и имплементација на енергетско ефикасни системи, кои во иднина ќе возвратат со помали сметки за електрична енергија, за загревање и ладење на просторот, како и за снабдување со вода.

Но, како брзо и едноставно да се стигне до најдоброто решение?

Совети побаравме во македонската компанија Термо Систем, која веќе две децении работи по принципот „сите решенија и производи за греење и ладење на едно место“.

Најдобриот момент во оваа потрага е новиот продажен и изложбен простор со големина од 6.000 m2 каде Термо Систем и практично може да го запознае потрошувачот со најдобрите решенија за просторот што се уредува.

„Греењето мора да биде ефикасно и економично истовремено, а нудиме и решенија со кои може домот или канцеларијата одлично да се климатизира во текот на целата година, да се постигне совршена температура со што ќе се подобри и квалитет на живот.

При инсталација на водоводот приоритет е да се обезбеди санитарна вода и нејзина лесна регулација. Но постојат и решенија со кои, преку еден софистициран систем, може да го постигнете посакуваното ладење и греење на просторот, а при тоа да обезбедите и топла санитарна вода“, вели Саша Стојановиќ, сопственик и основач на Термо Систем.

Се разбира понудата е комплетирана со безбеден и високо квалитетен алат за ракување со купениот материјал. Термо Систем става голем акцент и на овозможувањето на што поголема заштеда при опремување на домот со водоводниот систем и тоа преку инвестирање во соларен систем.

„Искористувањето на сончевата енергија придонесува за заштита од климатските промени, но и за намалување на трошоците за електрична  енергија, без да се откажете од удобноста во вашиот дом. Нашите соларни сетови се оценети  како најдобри од корисниците, затоа што нудат значителна заштеда, а ја добивате потребната санитарна топла вода во вашиот дом“, дообјаснува Стојановиќ.

Добриот избор станува особено важен последниве години, кога глобалната инфлација и раст на цените на енергенсите силно се рефлектира со континуиран раст на домашните цени и услуги.

За потрошувачите полесно да се запознаат со новите иновативни системи со висока енергетска ефикасност, Термо Систем отвори изложбен простор каде може да се дојде до правилна стручна информација и демонстрација за системите кои се нудат на пазарот.

Стојановиќ вели дека станува збор за мултифункционален простор каде потрошувачот може да добие понуда за интегрирано решение со најнова технологија и да го добие најекономичното решение за својот дом или деловен простор. Продажно – изложбениот салон се наоѓа на улица Скупи бр. 47,  во близина на приватната болница Систина.

Термо Систем нуди производи од светски познатите брендови Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италија Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

Редакција

(Фото) Убава и ретка приказна во „Идадија“: Кога келнер ќе се пензионира во кафеана, каде што долги години работел

Редакција

Трогателно мајчинско сведоштво: „Братче и сестриче добија шанса за живот од д-р Жан Митрев“

Редакција