еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Доколку сметаме со 1,7 милиони жители одвишната смртност во Македонија е 615 починати на 100.000 жители

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски за смртноста од Ковид-19 во Македонија, кој го анализира рангирањето на “Економист“, кој ја смести земјава на високото трето место во светот по одвишна смртност.

„Според реномираниот магазин „Економист“, Македонија е во самиот светски врв не само според официјалниот број на ковид-жртви, туку и според одвишната смртност, пресметана од извештаите на Државниот завод за статистика во однос на очекуваната десезонирана смртност.

Со други зборови, таа ги опфаќа и починатите во домашни услови коишто никогаш не биле тестирани на корона вирус. Треба уште да се истакне дека македонските броеви се заклучно со 30.06.2021, пред почетокот на летниот бран на Делта сојот.

Во меѓувреме бројот на починати кај нас прилично се зголеми, додека во Бугарија стагнираше, па најверојатно по завршувањето на третиот квартал ќе се најдеме на второто место. Ни Перу не е далеку, бидејќи тие веќе излегоа од зимата, а кај нас таа допрва доаѓа.

Пресметките се направени со официјалниот број на жители на државата од 2,08 милиони жители.

Доколку сметаме со 1,7 милиони жители (ќе дознаеме за 3 месеци), одвишната смртност кај нас изнесува 615 починати на 100.000 жители, што е повеќе дури и од Перу, односно уште со јунските податоци сме биле први на светот.

Одвишната смртност претставува збирен индикатор на сите наши неуспеси, што многу реално покажува колку лошо сме поминале во досегашниот тек на пандемијата“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?

Професор Трајковски: Како што се приближува есента така и ризиците ќе се зголемуваат

(ВИДЕО) Проф.Трајковски: „Ако продолжи трендот на висока смртност од корона вирусот, Македонија за кратко време ќе се искачи на врвот во Европа“

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 48.000 евра: Судскиот совет ќе се поднови со два нови автомобили

Редакција

За автопатот Кичево-Охрид користиме проект од 18. век, има лоши проекти за косините, вели Страшо Милковски

Редакција

Фирмата “Винора“ ќе ја инсталира новата компресорска станица на Клинички

Редакција