еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професорот Дејан Трајковски: Сите затворени летни бавчи пред кафулињата се ризик по здравјето поради вирусните аеросоли на Ковид-19

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски кој на фејсбук речиси секојдневно прави анализи за бројот на заразени, починати од Ковид-19, како и анализа на репродукциониот број, советува да се избегнуваат затворените простори пред кафулињата и рестораните.

„Сите летни бавчи пред кафулињата зимава се практично херметички затворени простории. Ако внатре во кафулињата има некаква вентилација, во овие импровизирани коронарници сигурно нема.

Значи, вентилација нема, растојание нема, маски нема, ама затоа заразени има, вирусни аеросоли има и Брауново движење на честичките исто така има.

Чувајте го своето здравје и здравјето на своите блиски, не влегувајте и не седете во овие ризични места. Не дозволувајте властите со своите непромислени одлуки да ве држат во заблуда дека овие опасни места се безбедни, потпрете се на својот здрав разум и задржете научен поглед на светот,“ апелира Трајковски.

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФOTO) Пожарите во Прилеп оставија пустош

Редакција

Убава вест: Оздравени 168 пациенти од Ковид-19, од Скопје 110

Редакција

Сите детали: За кого не важи полицискиот час и кога ќе се шетаат милениците

Редакција