еМагазин
Image default
Локално

Професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на неговиот син, шест месеци ќе зема помала плата

Кратење по 15 проценти од плата во рок од шест месеци е вкупната казна која од страна на неготинската гимназија му е изречена на професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син, кој во тоа време бил на екскурзија надвор од државата.

Како што потврдија за МИА од училиштето, дисциплинската комисија формирана за овој случај и составена од тројца членови и нивни заменици, сите професори, одлучила професорот да се казни со одземање на 15 отсто од плата во рок од три месеци.

– Но, тоа беше одлука на Комисијата која одлучуваше врз основа на расположливите податоци само за овој случај, а директорот имаше право да ја прифати таа одлука или да ја дополни.

Бидејќи согласно на закон последната одлука околу казната е на директорот, кој пак имаше предвид дека истата личност е казнувана и лани, кога имаше писмена опомена и одземање на класно раководство, па веќе не може да помине со најблагата казна, тој одлучи казната да биде 15 проценти од плата, но во рок од шест месеци. Така е според правилниците според кои се раководеше, изјавија од училиштето за МИА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни од 2.000 евра по лице за групирање на забава во Скопје

Редакција

Полицајци пронајдоа човечки череп на патот кон Јасен

Редакција

Водата во Охридското Езеро исправна за капење и рекреација

Редакција