еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Програмата на Вкусот на Скопје ’19 дефинитивно ќе Ви го разбуди апетитот!

Она што најубаво го опишува месец мај во Скопје се топлите бранови и бескрајните дружби со најблиските во парк. Од оваа година месец мај добива уште една асоцијација: храна, храна и уште храна.

На 18ти и 19ти мај на Школка не очекува првиот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”. Овој дводневен настан, организиран од страна на Моментум Инк., ќе ги обедини сите гурмани на едно место.

Околу 20 локални сендвичари и ресторани ќе ги постават своите штандови со специјалитети за да ни пружат еден поинаков викенд во Градскиот Парк.

Двата дена, програмата започнува од 11.00 часот, а трае се до вечерните часови. Ќе имаме можност да чуеме корисни информации за храната која секојдневно ја конзумираме; ќе научиме нови совети и трикови за готвење на секојдневни и не-толку-секојдневни солени и благи рецепти; ќе навлеземе во естетиката на храната, а ќе следат и дегустации и бројни изненадувања!

За да ја задоволиме вашата љубопитност, ви откриваме детали за програмскиот дел на настанот: Cooking with Branko ќе не однесе на масовен пикник, па осигурајте се со себе да понесете и по некое ќебенце; Пеце Клечкароски ќе не запознае со магијата на ЛЕСКА (намазот од лешници чија приказна започна неодамна но набрзо прерасна во препознатлив бренд!); Donutbar Skopje ќе не инспирираат и научат како да декорираме крофни…

На ОВОЈ ЛИНК погледнете ја целосната програма на настанот, а не заборавајте да ги заследите официјалните Facebook и  Instagram страници, како и официјалниот настан.

Се гледаме на Школка!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Мандичевски-Манде ја промовираше својата прва книга „Јас пратеник“

Редакција

(Фото) Спасени три младенчиња волци

Редакција

Остани дома, остани во чекор со „Танец“

Редакција