еМагазин
Image default
Бизнис

ПроКредит банка ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение

ПроКредит Банка Македонија оваа година ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение, информираше Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

„ПроКредит Банка Македонија нуди банкарски услуги како за мали и средни претпријатија, така и за физички лица и главно е активна во Југоисточна и Источна Европа.

Преку одговорно банкарство и услуги, ПроКредит Банка сака да даде придонес за одржлив економски развој во земјите во развој во кои работи групацијата.

Во име на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение, би сакал да се заблагодарам на ПроКредит Банка Македонија, со чија поддршка Здружението во текот на целата година ќе може да ги зголеми своите активности,“ изјави Мартенс.

Фото: Фејсбук/Прокредит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста

Редакција

Стефан Станкоски избран за генерален директор на Макошпед

Редакција

НБРМ: Нови правила за работа на менувачниците

Редакција