еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пролетни медени денови во Рамстор Мол

Во периодот од 21 март до 23 март, во Рамстор Мол ве очекуваат Пролетни медени денови, информираат од таму.

“Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат и набават многубројните производи од мед направени од вредните раце на македонските пчелари.

Свое учество на Пролетните медени денови ќе заземат медарите од Про Мед пчеларство, пчеларство Митревски, Додевски и Аврамовски од кои ќе имате можност да се збогатите со многуброните производи од мед кои ги произведуваат медарите како што се: поленот, матичниот млеч, прополисот, восокот како и ред други производи.

Набавете ги најдобрите македонски производи од мед за време Пролетните медени денови во Рамстор Мол и бидете подготвени за преостанатите месеци од годината со најдобриот и највкусен мед!“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свечено доделени WSET сертификати во „Вински едукатор“ на „Тиквеш“

Редакција

Кои се наградени филмови на Флипбук Филм Фестивал 2024

Редакција

Нови шест медали за вината на „Тиквеш“ освоени во Кина

Редакција