еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пронајдени човечки коски и облека кај кочанско Оризари

Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил полицијата.

Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум.

-На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било пријавено дека во нива на место викано Кочански Дол биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни – Кочани. По наредба на основниот јавен обвинител пронајденото е дадено на вештачење, истакнуваат од полицијата.

Месноста Кочански Дол не е населена, се наоѓа меѓу катастарските општини Кочани и Оризари и има лозја, ниви и неколку помошни земјоделски објекти.

Во изминатиот период во полицијата како исчезнати беа пријавени неколку лица од Кочанско, а тројца мажи и две жени сè уште се во полициската евиденција и се води постапка за нивно пронаоѓање. Се очекува наодите од вештачењето да го покажат идентитетот, како и причините за смртта и периодот кога починал човекот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнати полицајци на кружен тек во Тетово

Редакција

Одбраната на Катица Јанева праша дали „Рекет“ е создаден за да згаснат обвиненијата против Орце Камчев

Редакција

Починаа 16 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.063

Редакција