еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пронајдени стебла и мини лабараторија за производство на масло од канабис во Визбегово

По претходно добиени оперативни сознанија денеска околу 15 часот Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје, во скопско Визбегово извршила претреси во дом и други простории на И. П. (38), при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

Како што информираат од МВР, при тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39).

Извршени се претреси и во домот на Г.Ј., при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.

Во соопштението од МВР се подвлекува дека трите лица се приведени.

Фото/Видео:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 342 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Кој е Александар Димитриевиќ, новиот генерален секретар на СДСМ

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собранието

Редакција