еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пронајдено и телото на мажот кој скокнал во Вардар за да ја спаси девојката која се удави

Екипа за потрага составена од полициски службеници и пожарникари која од утрово трагаше по маж во водите на Вардар, нашле безживотно тело на маж.

По дванаесет часовната неизвесност и дрматичната ноќ по течението на Вардар низ гостиварско, исходот е две починати лица, за кои се претпоставува дека се удавени.

Според првичните информации на портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, екипа која вршела пребарување по речното корито, во близина на мал мост помеѓу селата Форино и Чегране наишла на починат маж. Во моментот на откривањето не покажувал знаци на живот и била повикана медицинска екипа за да ја потврди смртта на мажот. Во моментов се прават подготовки за увид.

Непотврдени информации посочуваат дека станува збор за 45 годишен гостиварец по кој се трагаше од ноќва по полноќ и дека неговиот идентитет го потврдиле роднини кои биле вклучени во потрагата.

Рано утрово, по претходна пријава дека две лица се видени во надојдените води на Вардар кај големиот пазар, беше организирана потрага. Околу три часот, во блзиина на селото Старо Чајле на песочен остров беше најдено безживотно тело на помлада жена за која е утврдено дека е лицето по кое се трага.

Дванесетчасовната потрага во која учествуваа триесетина полициски служебници, пожарникари, рибиловци и граѓани е прекината.

Телото на девојката, по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Девојка се удави во Вардар кај Гостивар, се трага по маж кој се обидел да ја спаси

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

Редакција

Постизборен пазар во Македонија: Победникот или поитриот ќе формира Влада?

Редакција

Правилата за влез во Грција непроменети и продолжени за уште една недела

Редакција