еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во декември лани 29.943 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари, што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за 12,6 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 10,4 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 9,1 и Градежништво за 7,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44.711 денари и е зголемена за 5,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година.

Тоа се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 12,9 отсто, Градежништво за 12,5 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 9,9 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 9,4 и Рударство и вадење на камен за 7,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонијатурист поради ковид-кризата лани во загуба

Редакција

Растат трошоците на градежниците: Ќе има ли „посолени“ цени на становите?

Редакција

Директорот на Гранит, Зоран Милковски повторно купи акции на компанијата

Редакција