еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во ноември 27.588 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година.

Просечната бруто плата, пак, изнесува 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита 11,2 и Образование за 9,5 отсто.

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,1 отсто, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 3,6 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат по два денара за литар

Редакција

„Пуцко петрол“ склучил 29 договори за јавни набавки во вредност од три милиони евра

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ со своја математика за намалување на цената на горивата

Редакција