еМагазин
Image default
Бизнис

Проширена листата на продавници во кои ќе се плаќа со домашната платежна картичка

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка.

Новите дејности што беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Како што наведува таа Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема,  продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки и фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.

-Бирајте ги производите со “Купувам домашно” кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците… бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност, наведува министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Трговците ќе треба да ги означат производите за кои ќе се плаќа со картичките „Купувам домашно“

Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли отпуштања на вработени со спојувањето на Охридска банка и Шпаркасе

Редакција

Ќе се дели „спорниот“ имот меѓу Поштата и Телеком

Редакција

Почна со работа „Стопанска лизинг“, нова компанија на Стопанска банка Скопје

Редакција