еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Прославете го Денот на семејството заедно со Рептил

Пријателите може да дојдат и да заминат, но семејството трае вечно! Оваа изрека е суштината на Меѓународниот ден на семејството, потсетник дека најмалку еден ден во годината, 15 Мај треба да се свртиме кон нашите најблиски, да ги зацврстиме семејните врски кои обезбедуваат поддршка и безбедно опкружување неопходни за развој на поединецот.

Меѓународниот ден на семејството се слави низ целиот свет од 1994 година. Идејата за воведување Ден што ќе се посвети на најмалата заедница е на Обединетите нации.

Кога да го прославиме Светскиот ден на семејството во 2020 година?

Од Рептил маркети предлагаат ден за семеен ручек во чија подготовка ќе бидат вклучени сите членови на семејството, како и бројни заеднички активности за забава.

„По два долги месеци физичка изолација, во кои за сите поддршката и друштвото беше семејството, убаво е да си посветиме ден тоа да го прославиме. Да се потсетиме дека љубовта е нераскинливо преплетена во нишките што го поврзуваат секое семејство, затоа што поддршката што тоа ни ја дава помага да се преплива и најдлабоката криза и да се застане на брегот како победник.

Затоа што секоја болка напукнува пред прегратката и бакнежот од најблиските! Да ја прославиме таа неизмерлива среќа која почива врз големи надежи и верба во подобро утре“, вели менаџерскиот тим од Рептил Маркети.

Но, да почнеме од почеток. Утрото, велат од Рептил маркетите, излезете да испазарите. Нивните маркети се снабдени со сите производи потребни за прослава, како за вегетаријанците во делот на здравата и органска храна и зеленчукот, така и за љубителите на скарата.

Меѓу производите за подготовка на десерт може да се одберат состојки за брза подготовка во која ќе се вклучат и децата. На пример, одберете бисквити и пудинг, како и чоколадо за готвење и шлаг. Не заборавајте и млеко, путер или маргарин. Ова се и состојките потребни за најбрзите домашни торти од бисквити и пудинг и без печење.

Идеја за ручек може да добиете од нашиот Прилог со рецепти.

Се разбира може и да нарачате преку Интернет на marketonline.mk и производите да Ви ги донесат дома или да набавите готова храна од кујната од Рептил и денот да го поминете во дружба и забава со семејството.

Важно е да го испланирате денот како што Вам ви одговара за да си поминете свечено. Доколку работните обврски не ви дозволуваат целиот ден да го поминете со семејството, од Рептил порачуваат дека прославата треба да продолжи за викенд.

На родителите понекогаш им е навистина тешко да одвојат време од работните обврски и да го поминат со своите деца. Затоа од Рептил предлагаат да најдете мали работи кои за децата ќе изгледаат навистина големи.

Во маркетите или онлајн може да купите и некоја друштвена игра со асоцијации или Монопол, Не лути се човече. Времето поминато со децата има силно влијание врз нивниот личен развој.

Првата активност може да биде сите да напишете по едно писмо во кое ќе објасните зошто Ви е важно семејството и кажете им дека Ви се важни. Потоа може да одиграте некоја друштвена игра или заедно да прочитате некоја приказна. Најважното правило е да не користите мобилни телефони или друга технологија која го одвлекува вниманието од најблиските.

Од Рептил додаваат да не заборивте на децата да им објасните зошто се прославува Меѓународниот ден на семејството. Доколку сакате, направете некоја фотографија и постирајте ја на нивната Facebook страница.

„Споделете со нас како го одбележавте денот на најмалата заедница најважна за секое општество. Среќен ден на семејството“!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледаше пречекот на европскиот шампион Бесир Алили на плоштадот Скендербег

Редакција

(Фото) „Бикини Мун“ на Манчевски имаше кино-премиера во Њујорк

Редакција

(Фото) Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“

Редакција